Édith Piaf - Non, je ne regrette rien (Mazedonisch Übersetzung)

Mazedonisch Übersetzung

Не, не тагувам за ништо

Не, воопшто не
Не, не тагувам за ништо
Ниту за доброто
Ниту пак за злото што ми го направиле
Сега ми е сосема сеедно !
 
Не, воопшто не
Не, не тагувам за ништо веќе
Сѐ е веќе платено, одвеано, заборавено
Не се грижам веќе за минатото
 
Со моите спомени
Запалив оган .
Не ми требаат веќе
Ниту тагите минати, ниту радостите
 
Одвеаните љубовници
Со сиот нивни трепет
Одвеани се засекогаш
Пред мене е чистина и сосема нов почеток
 
Не, воопшто не
Не, за ништо не тагувам
Ни за злото ни за доброто
Што сум го имала,
Сѐ ми е сега сеедно
 
Не ,за ништо веќе не тагувам
Зашто сиот мој живот
Сите мои радости
Од денес започнуваат наново
Единствено и само со тебе
 
Von bushinoski am Mi, 29/02/2012 - 01:39 eingetragen
Kommentare des Autors:

Се надевам дека ќе бидат направени и други преводи на македонски на многу други песни. Поздрав до сите што ја сакаат убавината на испеаниот стих.

Französisch

Non, je ne regrette rien

See also
Kommentare