Како можам да те следам кога лажеш сè,
а право в очи ти ме гледаш?
Со секој збор по едно копје фрлаш во мене
и силно душава ме стега.
Чекам време да мине,
а сè побавно и денот си оди,
а во срцево мраз од некој непознат глас
што до пепел ме гори.
Има аманет за ме́не од пред еден век
дека нема да си згрешам,
од седум животи запишани, овој е трет,
за него должна сум да решам.
Зошто времето мине,
а сè побрзо со денот си оди,
од сṕце истопен мраз
се слева во мојот глас
што од пепел се роди.
А јас, не, не, не, не морам ништо,
да сокривам во себе.
И она мое што најмногу боли,
е силната во мене,
а силна сум пак.
Силна, силна, силна, силна...