Секој ден го гледам како во сказна –
приказни со лаги, иднина празна.
Сегде одам, но ме нема никаде.
И колку треба да се вртам во круг сам?
Колку боли да се плати, јас дознав
дека згрешив и се кајам после сѐ
да го вратам тој миг да остане.
Повторно
осамен,
стојам и не знам за себе
и далеку
без тебе
немам и живот во себе.
Не, да продолжам,
не можам –
премногу спомени имаме,
а да биде
ко што било,
само ќе сонуваме.
Само солзи сега можат да кажат
колку боли кога платиш да покажат;
некој згреши и се кае после сѐ,
ќе го врати тој миг, ќе покаже.
Повторно
осамен,
стојам и не знам за себе
и далеку
без тебе
немам и живот во себе.
Не, да продолжам,
не можам –
премногу спомени имаме,
а да биде
ко што било,
само ќе сонуваме.
Повторно
осамен,
стојам и не знам за себе
и далеку
без тебе…
немам и живот во себе.
…а да биде
ко што било,
само ќе, само ќе сонуваме.
Ми се чини дека некои зборови не успеав да ги слушнам правилно, затоа го молам кој ги слуша јасно, да напише коментар за да ги поправам. Благодарам однапред.