Παρακαλώ μεταφράστε το "Oboi me (Обои ме)" από Σλαβομακεδονικά σε Τσέχικα

Σλαβομακεδονικά

Oboi me (Обои ме)

Ако веруваш во Бога
тогаш верувај во себе
не ме давај на ѓаволите
а ако можеш да ме видиш
кое црнило ме пере
дај помогни ми, обои ме

Обои плаво, и допри ме
со снагата на ветровите
обои жолто, и вечно
нека мириса на јасминов цвет

Рефрен:
Обои ме, обои ме
обои ме, и пред сѐ
ти земи бои што се од срце
обои денови, во стари спомени
обои сѐ што ни живее, обои ме

Обои ме, во една срна, бела,
мала како шетам по облаците
а небото обои го во дождот
што во светло роза мене ми се смее

Обои љубов, и со неа
допри ги најслабите
обои среќа, во една
темно зелена што не гасне

Рефрен:
Обои ме, обои ме
обои ме, и пред сѐ
ти земи бои што се од срце
обои денови, во стари спомени
обои сѐ што ни живее, обои ме


Δες το βίντεο
Παρακαλώ βοηθήστε στη μετάφραση του "Oboi me (Обои ме)"
Σχόλια