Ќе пристигне (Arriverà)

Ќе пристигне

Ќе заплачеш
Како дожд ти ќе заплачеш
И ќе заминеш
Како лисјата со есенскиот ветар тажна ти

Ќе заминеш
Убедена дека никогаш не ќе си простиш
Но ќе се разбуди
Твоето срце, еден ден
Во лето со продорно сонце

И ќе ја замениш
Тагата на плачот во
Насмевки сјајни, ќе се насмевнуваш
И ќе пристигне
Вкусот на најслаткиот бакнеж
А една прегратка ќе те грее

Ќе пристигне
Месечината и една фраза од оние
Кои ќе те изненадат
Ќе пристигне
Мојата кожа да се грижи за твоите копнежи (и)
Волшебноста на ѕвездите

Ќе помислиш дека животот е неправеден и
Ќе заплачеш и ќе се сетиш на часот во
Кој ти реков јас „Не“
„Не ќе те напуштам“
А веднаш нѐ опкружи мрак
Но ќе се разбуди твоето срце еден ден
Во лето со продорно сонце
И ќе ја замениш тагата на плачот во
Насмевки сјајни, ти ќе се насмевнуваш

И ќе пристигне
Вкусот на најслаткиот бакнеж
А една прегратка ќе те стопли
Ќе пристигне
Месечината и една фраза од оние
Кои ќе те изненадат

Ќе пристигне
Мојата кожа и ќе се грижи за твоите
Копнежи и волшебноста на ѕвездите
Поезијата на снегот кој паѓа без шум
Мојата кожа ќе се грижи за твоите копнежи
И поезијата на снегот кој паѓа без шум

Submitted by Alek Sandar on Thu, 16/08/2012 - 16:33
Original:
thanked 1 time
UserTime ago
ivank233 years 24 weeks
Italian

Arriverà

Video Lyrics
See video
Please help to translate "Arriverà"
Comments