Laura Pausini - La solitudine (Macedonian translation)

Macedonian translation

Осаменоста

Марко си замина и повеќе не се враќа
Возот во 7:30 без него
Е само железно срце без душа
Во утринскиот студ, градското сивило
 
На училиште клупата е празна, Марко е во мене.
Сладок е неговиот здив - во моите мисли
Огромни далечини сe чини нѐ делат
Но срцето бие силно во мене
 
Кој знае дали ќе мислиш на мене
Дали со твоите воопшто зборуваш
Дали се криеш како јас
Избегнуваш погледи и остануваш
 
Во својата соба, затворен и не сакаш да јадеш
Ја прегрнуваш перницата
Плачеш иако не знаеш
Колку повеќе ќе боли осаменоста
 
Марко во мојот дневник има фотографија
Има очи како дете, малку срамежливо
Ја притискам до срце и се осеќам ко да си тука
Помеѓу домашните по англиски и математика
 
Твојот татко и неговите совети - каква монотонија
Тој со својата работа те одведе оттука
Сигурно не го побарал твоето мислење
Ти рекол само „Еден ден ќе разбереш“
 
Кој знае дали ќе мислиш на мене
Дали со другарите ќе зборуваш
(За) да не патиш по мене
Но не е лесно, знаеш ти
 
Училиштето е неиздржливо
А и секое попладне без тебе
Учењето е бесцелно, сите мои мисли
Се труполат врз тебе
 
Не е можно да се поделат
Нашите два живота
Те молам чекај ме ти, љубов моја
Не знам јас да мамам
 
Осаменоста е меѓу нас
Оваа тишина во мене
И немирот да живеам
Живот без тебе
 
Те молам чекај ме затоа што
Не можам јас без тебе
Не е можно да се подели
Нашата приказна
 
Submitted by Alek Sandar on Thu, 16/08/2012 - 15:22
5
Your rating: None Average: 5 (1 vote)
Italian

La solitudine

Comments
ivank23    Thu, 16/08/2012 - 16:40

Не сакам да бидам нападен, само што има неколку ситни грешки. Браво за преводот, инаку. Teeth smile

Огромни далечини se* чини нѐ делат -> се
Во својата соба, затворен и несакаш* да јадеш -> не сакаш
Помеѓу домашните по Англиски* и математика -> англиски
Го гушкаш силно јастукот* -> перницата
Тој со својата работа те одведе од тука* -> оттука
Ти рекол само „еден ден ќе разбереш“ -> Ти рекол само: „Еден ден ќе разбереш“.
Те молам чекај ме за тоа што* -> затоа што

Alek Sandar    Thu, 16/08/2012 - 16:48

еве, поравено. за Англиски сум сигурен дека се пишува со голема буква. оттука го поправив, иако знам дека од тука или оттука е исто - се мислев баш кое да го употребам.

ivank23    Thu, 16/08/2012 - 18:00

Всушност, ,оттука‘ е прилог за место и поради тоа мора да се напише заедно. Се формира од предлогот ,од‘ и уште еден прилог за место ,тука‘ и затоа и има едначење по звучност. Regular smile
А англиски, треба да се напише со мала буква. Во случајов, го употребуваш како училиштен предмет, прво затоа. Второ, самиот збор е присвојна придавка (како и имињата на сите други јазици, коишто се пишуваат со мали букви), па и како таква нема никаква потреба да се пишува со голема буква. (Во пример: Говориме на англиски јазик; гледаме англиски филмови итн.)

Alek Sandar    Thu, 16/08/2012 - 18:51

хмм... а ако е Англичанец? тогаш е со голема?

ivank23    Thu, 16/08/2012 - 23:43

Да, така е. Националностите се пишуваат со голема буква, ама треба да се напомене дека жителите на градовите се пишуваат со мала буква. (битолчанец, велешани, скопјанка итн.)

Alek Sandar    Fri, 17/08/2012 - 09:24

Така е, битолчани и скопјани не заслужуваат голема буква ;-)