Please translate Ti dolžam se (Ти должам се)

Macedonian

Ti dolžam se (Ти должам се)

И последен и прв во овој живот сум бил, 
победи и порази под ова лице сум скрил. 
И штом погледнам јас околу себе нема никој друг освен тебе, 
одамна сите ме продале. 
На моја страна си ти една единствена, 
рамо за плачење, дежурна утеха. 
Кога те оставам за друга со денови 
ти со насмевка пак ме примаш 
назад со раце раширени. 

Тебе ти должам се моја убавице, 
што овој лажен свет го правиш совршен. 
Се колнам во се, се дур постоиме 
јас и Бог, јас и Бог те чуваме.

Сите ти вртат грб кога е најтешко, 
никому не требаш кога паѓаш на дно, 
сите пријатели кога ти требаат некаде брзаат, 
некаде одат за тебе време немаат. 
А ти на моја страна си една единствена, 
рамо за плачење, дежурна утеха 
и кога те оставам за друга со денови 
ти со насмевка пак ме примаш 
назад со раце раширени. 

Тебе ти должам се моја убавице, 
што овој лажен свет го правиш совршен.
Се колнам во се, се дур постоиме 
јас и Бог, јас и Бог те чуваме.

Моето сонце си ти, 
кое не заоѓа тагата веќе ни блиску не приоѓа. 
Ме чуваш подобро од колку што можам и сам, 
животот јас ти го посветувам. 

Тебе ти должам се моја убавице, 
што овој лажен свет го правиш совршен. 
Се колнам во се, се дур постоиме 
јас и Бог, јас и Бог те чуваме.

More translations of "Ti dolžam se (Ти должам се)"
Comments