Ĺubena (Љубена) lyrics

Macedonian

Ĺubena (Љубена)

Вечерва повторно празна е постелава
Без твојта душо нежна прегратка
А болка в душава
Мир не ми дава
Горам.....
 
Твојот лик ми краде сон од очиве
Откако си замина ти
Љубена...
 
Гори, мојто срце в ноќва студена
Сал за тебе збори
Прости којшто љуби душо
Може и да погреши
Ех да можам
Ноќва би ја дал вселената
Повторно од твоите усни
Да се опијам
На гради да ти заспијам
 
Спомени ветровите ми носат љубена
А јас ги молам душо и тебе
Да ми те донесат
Ноќва в мојата прегратка
Откако [откако]
Замина [замина]
Немам мир љубена
 
Гори, мојто срце в ноќва студена
Сал за тебе збори
Прости којшто љуби душо
Може и да погреши
Ех да можам
Ноќва би ја дал вселената
Повторно од твоите усни
Да се опијам
На гради да ти заспијам
 
Submitted by Guest on Mon, 01/12/2008 - 16:08
Last edited by Natoska on Sun, 15/09/2013 - 16:43
Comments