На носителите (Aux détenteurs)

На носителите

Во време кога мојот дух ми говори
За едно организирано безумие
Од оние кои ги водат ништожниците
Кон една распадната иднина

Кога контролата е јадосана
И монополот на елитата
Се издига на својата проклета купола
Тие испливуваат од кризата без паника

Носители на вистината,
Дајте им на вашите души да дишат
Бидејќи универзумот е измалтретиран
Од екранизираната драма

па-па-па-ра-ра
па-па-па-ра-ра

Во време кога духовите ни се заталкани
Под анестезија од грубостите
Би сакала моја совест да ме поштеди
Од болката на човештвото

Цврстата култура заглавувајќи се во кал
Ја демократизира глупоста
Многу морбидните екрани кои предизвикуваат
Вознемиреност кај нашите неподвижни тела

Носители на вистината,
Дајте им на вашите души да дишат
Бидејќи универзумот е измалтретиран
Од екранизираната драма

па-па-па-ра-ра
па-па-па-ра-ра

Кога животите ни се движат по шините
На трауматизираната утрешнина
Кога нашите деца се раѓаат во огорченоста
На една догматизирана одмазда

Кога да има пепел, се чини логички
И нападите нè прават несвесни
Кога да се откажеш од уметноста, е класика
А да земеш оружје, реторика

Носители на вистината,
Дајте им на вашите души да дишат
Бидејќи универзумот е измалтретиран
Од екранизираната драма

Носители на вистината,
Дајте им на вашите души да дишат
Бидејќи универзумот е измалтретиран
Но, знам,
Дека сè ќе се смени

Publicado por ivank23 el Lun, 14/05/2012 - 23:16
Original:
3 agradecimientos
3 agradecimientos de invitados
Francés

Aux détenteurs

Video Lyrics
See video
Comentarios