Вечерва (Tonight)

traducción al Macedonio

Вечерва

Таа никогаш не се возеше сама со воз
Мразеше да биде сама
Таа секогаш ќе ми ги земеше рацете
Ќе говореше дека сум и потребен
Никогаш не сакаше љубовта да згасне
Таа секогаш се надеваше дека љубовта е вистинска
Ќе ме погледнеше в очи
И ќе говореше дека ми верува
Тогаш ноќта се претвори во ден
И повеќе немаше што да се каже
А ако веќе нема повеќе што да се каже
Нешто не е во ред
 
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна и дива
 
И како рацете се менуваат со времето
Таа секогаш ќе ми велеше дека е моја
Ќе се свртеше и насмевнеше
Да ми каже дека заминува
Но со шепот ќе пристигнеше
И повторно ќе заиграше во мојот живот
Како музичка мелодија, како песна за заљубените
 
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна и дива
 
Низ најтемната ноќ се пробива најсјајна светлина
А светлината која сјае длабоко во тебе
Тоа е која си ти
 
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна
Вечерва ме уби со својата насмевка
Толку прекрасна и дива, толку прекрасна и дива
 
Publicado por KaterinaMKD el Mar, 13/03/2012 - 17:40
Inglés

Tonight

videoem: 
Reamonn: Top 6
Comentarios