Pazi si go jazikot (Пази си го јазикот)

 Essayer d'aligner
macédonien

Pazi si go jazikot (Пази си го јазикот)

Оф, оф, колку лековерен можеш да бидеш на нечесниве луѓе
Кои ти ја ветија Месечината
Допуштајќи им ја твојата моќ со која можат да те манипулираат,
Твојата драгоцена слобода, а понекогаш и твоите пари!

Лудо е, мислиш дека си безбеден?
Го исмеваш светот, кому му судиш со презир
Мислиш дека си премногу паметен за да паднеш во замкава
Само се залажуваш себе, а неговата игра, допрва следи...

Заслепен од златото на неговата уста
Му ги пиеш сомнителните зборови
Зар не гледаш дека шашавиов лудак те прска
На заводлив начин, си ги кажува лагите

(рефрен х2)
Еј, валкан никаквецу, пази си го јазикот
Јас сум мачката што ќе ти го изеде
Во играва нема да заработиш,
Порано или подоцна, ќе бидеш казнет

Не, не, не паѓај во замката
Во таа опседнатост и негова магија
Сакајќи да го слушнеш она што те прави среќен
Тој му ласка на вашето его
Но, се случува да те повреди

Хм, хм... погледнете го како се кикоти
Тој управува со ситуацијата – заведува, па владее
Притаен во свештеник
Ја крие вистинската намера
Те контролира преку твојот страв
Ќе станеш негов пес..

Заслепен од златото на неговата уста
Му ги пиеш сомнителните зборови
Зар не гледаш дека шашливиов лудак те прска
На заводлив начин, си ги кажува лагите

(рефрен х3)

Еј, валкан никаквецу...
Јас сум мачката...
Во играва...

(рефрен)

Publié par ivank23 le Lun, 23/04/2012 - 16:51
1 remerciement
Des invités ont remercié 1 fois
0
Note : Aucun(e)

 

Aidez à traduire « Prends garde à ta langue »
Commentaires