Please translate Prosti mi (Прости ми)

macédonien

Prosti mi (Прости ми)

Времето тече, но не поминува
таа болка што градиве ги раскинува
мислев дека можам, знам
да се опуштам, да уживам
да правам сѐ што посакам
но, сменета е приказната

И покрај сите други
ништо не чувствувам,
празна ми е душава
кога би можел да те вратам пак
би сторил сѐ да не те повредам

(припев)
Јас сум само уште еден човек млад
несовршен одам по својот пат
кој полн со грешки и со неправда
силно удира.
Но знај, дека и покрај сите препреки
и сите борби и ѕидови
во срцево си само ти,
за сѐ те молам, прости ми

Би дал баш сѐ за да бидеш пак покрај мене
на овој свет нема човек што е безгрешен
сум пробал сѐ, но не верував
колку моќна е љубовта

Прости ми!

(припев)
Јас сум само уште еден човек млад
несовршен одам по својот пат
кој полн со грешки и со неправда
силно удира.
Но знај, дека и покрај сите препреки
и сите борби и ѕидови
во срцево си само ти,
за сѐ те молам, прости ми

За сѐ те молам, прости ми

Plus de traductions de « Prosti mi (Прости ми) »
Commentaires