Bruno Mars - When I Was Your Man (traduction en macédonien)

traduction en macédonien

Кога бев твој

Ист кревет, но изгледа поголем сега
Нашата песна на радио, но не звучи исто
Кога нашите пријатели зборуваат за тебе,
Се што успеваат, е да ме расплачат
Затоа што моето срце малку се крши
Кога ќе го слушнам твоето име
И се звучи како ух, ух, ух
 
Рефрен:
Хммм, премногу млад, премногу глупав за да сфатам
Дека требаше да ти купувам цвеќе и да те држам за рака
Требаше да ти ги дадам сите часови кога имав шанса
Да те водам на секоја забава затоа што се што сакаше беше да танцуваш
Сега мојата драга танцува, но танцува со друг.
 
Мојата гордост, моето его, моите потреби и себичност
Предизвикаа добра, силна жена како тебе да излезе од мојот живот
Сега никогаш, никогаш нема да можам да го исчистам нередот кој го направив
И тоа ме прогонува секогаш кога ќе ги затворам очите
И се звучи како ух, ух, ух, ух
 
Рефрен:
Хммм, премногу млад, премногу глупав за да сфатам
Дека требаше да ти купувам цвеќе и да те држам за рака
Требаше да ти ги дадам сите часови кога имав шанса
Да те водам на секоја забава затоа што се што сакаше беше да танцуваш
Сега мојата драга танцува, но танцува со друг.
 
Иако боли, јас ќе бидам првиот кој ќе признае дека згрешил
Ох, знам дека веројатно многу задоцнив
За да пробам и да се извинам за моите грешки
Но, само сакам да знаеш
Се надевам дека тој ти купува цвеќе,
Се надевам дека те држи за рака
Дека ти ги дава сите часови кога има шанса
Те носи на секоја забава затоа што се сеќавам колку многу сакаше да танцуваш
Дека ги прави сите работи кои јас требаше да ги правам кога бев твој!
 
Publié par kuzman le Dim, 05/07/2015 - 00:56
anglais

When I Was Your Man

Aidez à traduire « When I Was Your Man »
Commentaires