По долгиот пат

Francia

Le long de la route

Lyrics removed on request of copyright owners

Videó megtekintése
Try to align
Macedón

По долгиот пат

Не направивме напор
Да се држиме заедно, барем малку
Пред времето да ги утврди
Нашите копнежи и желби
Сликите, кавгите
Од злобното минато
Ни ги исковаа оклопите
И нашите срца се запечатија

Оставени сами во нивниот ќош
Нашите оживеани демони
Изгубени во нашите нацрти,
безбојни, темно сиви
Можевме да избереме прошка
Да се обидеме со друга
Приказна за иднината
Наместо да сакаме да заборавиме

(рефрен)
Да се држиме за рака
По долгиот пат
Да ги избереме нашите судбини
Без никаков сомнеж
Имам верба и
Само прашање на слушање е
Да ги отвориме нашите мали раце
По секоја цена

Не се потрудивме
Да се зборува за нас
Гордоста нè обзеде
без да нè кутне на колена
Низ нашите проѕирни очи
Лагата од нашите заби
Не може да се одрече
Сите тела се откриени

(рефрен)

Да се држиме за рака
По долгиот пат
Да се живее животот
како лизгање без задржување

Но, зборовите се само зборови
Не се најважни
Таму ги сместуваме нашите лични чувства
Кои ја менуваат волјата на луѓето

Глупаво е, колку глупаво може да биде
Да се криеме од самите себе

Глупаво е, колку глупаво може да биде
Останатото е одраз на она што се крие

Ако нашите испишани шеми
не нè исплашат
ова е почетокот на нашите соништа
кои тежнеат да се остварат

(рефрен)

Да се држиме за рака
По долгиот пат
Да се живее животот
како лизгање без задржување

Ако нашите испишани шеми
не нè исплашат
ова е почетокот на нашите соништа
кои тежнеат да се остварат

Глупаво е, колку глупаво може да биде
Да се криеме од самите себе

Глупаво е, колку глупаво може да биде
Останатото е одраз на она што се крие

Kűldve: ivank23 Vasárnap, 13/05/2012 - 13:08
thanked 2 times
Guests thanked 2 times
0
Értékelésed: Nincs
Please help to translate "Le long de la route"
Hozzászólások