Скали до рајот (Stairway To Heaven)

Macedón translation

Скали до рајот

Има една дама која е сигурна
Дека се што светка е злато
И таа купува скали до рајот
Кога ќе пристигне таму таа знае
Дека и ако сите продавници се затворени
Со еден збор може да добие она по што дошла
Ох, ох и таа купува скали до рајот
 
Има знак на ѕидот
Но таа сака да биде сигурна
Бидејќи знаеш, зборовите понекогаш имаат две значења
На дрвото покрај потокот
Птичка песнопојка пее
Понекогаш сите наши мисли се погрешно сфатени
Ох, се прашувам
Ох, се прашувам
 
Има едно чувство кое ме обзема
Кога гледам кон западот
И мојот дух плаче за заминување
Во моите мисли веќе видов
Прстени од дим околу дрвјата
И гласови на оние кои стојат гледајќи
Ох, се прашувам
Ох, навистина се прашувам
 
Се шушка дека наскоро
Ако сите ја засвириме истата песна
Свирачот ќе не однесе до објаснувањето
И нов ден ќе зазори
За оние кои чекаат долго
И шумите ќе одекнат со смеа
 
Ако има врева во твоите грмушки
Немој да паничиш
Тоа е само пролетно спремање за мајската кралица
Да, постојат две патишта по кои можеш да одиш
Но гледано долгорочно
Секогаш има време да го смениш патот по кој одиш
Ох, се прашувам
 
Во главата си потпевнуваш и не сака да престане
Во случај да не знаеш
Свирачот те повикува да му се придружиш
Драга дамо, го слушаш ли ветрот како дува
И дали знаеш
Твоите скали лежат на ветрот што шепоти
 
И додека ние пролетуваме по патот
Нашите сенки се повисоки од нашите души
Таму чекори една дама која сите ја познаваме
Која зрачи со бела светлина и сака да покаже
Како се се претвора во злато
И ако внимателно слушаш
Песната конечно ќе дојде и до тебе
Кога сите се едно и едно е сите
Да се биде камен, а не да се тркалаш
 
И таа купува скали до рајот
 
Kűldve: KaterinaMKD Hétfő, 12/03/2012 - 19:42
thanked 11 times
FelhasználóTime ago
barsiscev3 év 18 hét
Guests thanked 10 times
Angol

Stairway To Heaven

Videó megtekintése
Hozzászólások