Да те поправам (Fix you)

traduzione in Macedone

Да те поправам

Кога ќе дадеш сѐ од себе, но нема да успееш
Кога ќе го добиеш она што го сакаш, а не она што ти треба
Кога си многу изморен, но не можеш да заспиеш
Заглавен во рикверц
 
И солзите ти се тркалаат по лицето
Кога ќе изгубиш нешто незаменливо
Кога сакаш некого, ама ќе се упропасти
Би можело ли да биде полошо?
 
Светлата ќе те водат до дома
И ќе ти ги распламенат коските
И јас ќе се обидам да те поправам
 
И горе на високо, или пак долу
Кога си премногу заљубен за да заборавиш
Но, ако никогаш не се обидеш нема да дознаеш
Колку само вредиш
 
Светлата ќе те водат до дома
И ќе ти ги распламенат коските
И јас ќе се обидам да те поправам
 
Солзите ти се тркалаат по лицето
Кога ќе изгубиш нешто незаменливо
Солзите ти се тркалаат по лицето
И јас...
 
Солзите ти се тркалаат по лицето
Ти ветувам дека ќе научам од моите грешки
Солзите ти се тркалаат по лицето
И јас...
 
Светлата ќе те водат до дома
И ќе ти ги распламенат коските
И јас ќе се обидам да те поправам
 
Postato da ivank23 Mar, 26/06/2012 - 14:46
Inglese

Fix you

videoem: 
Commenti fatti