Adele - If It Hadn't Been For Love (traduzione in Macedone)

traduzione in Macedone

Da ne beše ĺubovta (Да не беше љубовта)

Никогаш не ќе одев авто-стоп до Бирмингем
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе го фатев возот за Луизијана
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе трчав по силниот дожд
Без скршен денар во џебот
Да не беше, да не беше љубовта
 
Никогаш не ќе ја видев неволјава во која сум
Да не беше љубовта
Ќе избегав како непокорен ветар
Да не беше љубовта
Никој не знае подобро од мене
Немаше да посакувам да сум на слобода
Да не беше, да не беше љубовта
 
(рефрен)
Четири ладни ѕида против моја волја
Барем знам дека лежи мирен
Четири ладни ѕида, без условно
Боже, смилувај се на мојата душа!
 
Никогаш не ќе отидев во тој дел од градот
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе помислев да го најдам
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе наполнев 44-ка
И не ќе завршев зад решетки
Да не беше, да не беше љубовта
 
(рефрен)
 
Никогаш не ќе одев авто-стоп до Бирмингем
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе го фатев возот за Луизијана
Да не беше љубовта
Никогаш не ќе наполнев 44-ка
И не ќе завршев зад решетки
Да не беше, да не беше љубовта
Да не беше, да не беше љубовта
Да не беше, да не беше љубовта
 
Postato da ivank23 Gio, 24/05/2012 - 12:41
Inglese

If It Hadn't Been For Love

Adele: 3 più popolari
See also
Commenti fatti