Марта (Marta)

traduzione in Macedone

Марта

Марта се облекува во мојата соба
Шест часот наутро е,
Сонцето изгрева
Нејзината облека расфрлана на подот
Има мирис на ноќ
Има мирис на оган
И таа се смее велејќи ми
Иако беше лудо си поминав убаво
Ме гледа в очи и ми вели збогум
Како ноќта никогаш да не се ни случила
 
Знаеш Марта
Би дал половина живот и нешто повеќе
Само да бидам со тебе
 
Слушај Марта
Не си заминувај од мојот живот те молам
Дозволи ми да бидам барем
Твој пријател
 
Марта ме бакнува за последен пат
Нејзините усни се сеуште слатки како мед
Ја замолив да се заколне дека ќе ми се јави
Начинот на кој се смее вели "најверојатно"
Нејзините нозе се противат на зората
Таа нема сомнеж дека знае како тоа да го направи
 
Знаеш Марта
Би дал половина живот и нешто повеќе
Само да бидам со тебе
 
Слушај Марта
Не си заминувај од мојот живот те молам
Дозволи ми да бидам барем
Твој пријател
 
Не, не, не
Марта ме бакнува за последен пат
Нејзините усни се сеуште слатки како мед
 
Знаеш Марта
Би дал половина живот и нешто повеќе
Само да бидам со тебе
 
Слушај Марта
Не си заминувај од мојот живот те молам
Дозволи ми да бидам барем
Твој пријател
 
Postato da KaterinaMKD Dom, 18/03/2012 - 23:06
ringraziato 1 volta
Un ospite ha ringraziato 1 volta
Enrique Iglesias: Top 6
Commenti