Дел од моево срце (Piece Of My Heart)

traduzione in Macedone

Дел од моево срце

(Ајде...)
Зарем не направив да се чувствуваш
како да си единствениот маж?
И зарем не ти дадов речиси сѐ
што една жена може да ти даде?
Душо, знаеш дека е така!
И секој пат кога си велам,
дека ми е доста,
ама ќе ти покажам, душо,
дека и жените знаат да бидат цврсти.
 
Сакам да повелиш,
повели, повели, повели и земи...
Земи уште едно делче
од моево срце, душо!
(Скрши...)
Скрши уште еден дел
од моево срце, ајде сега драги, да!
(Земи си...)
Еј! Земи си уште едно делче
од моево срце сега, душо, да!
Знаеш дека го имаш
ако те прави да се чувствуваш убаво,
о, баш така е.
 
Надвор си на улица
и изгледаш добро, и душо,
длабоко во твоето срце
реков дека си свесен дека не е во ред...
Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш
не слушај ме како плачам навечер!
Душо, јас постојано плачам!
И секој пат кога ќе си речам,
дека не можам да ја поснесам болката,
но кога ќе ме прегрнеш,
јас повторно пеам.
 
Ќе речам -- Повели,
повели, повели, повели и да земи!
Земи уште едно делче
од моево срце, душо!
(Скрши...)
Скрши уште еден дел
од моево срце, ајде сега драги, да!
(Земи си...)
Еј! Земи си уште едно делче
од моево срце сега, душо, да!
Знаеш дека го имаш
ако те прави да се чувствуваш убаво
 
Ми треба да дојдеш и,
повели, повели, повели и земи!
Земи уште едно делче
од моево срце, душо!
(Скрши...)
Скрши уште еден дел
од моево срце, ајде сега драги, да!
(Земи си...)
Еј! Земи си уште едно делче
од моево срце сега, душо, да!
Знаеш дека го имаш
Земи... земи уште едно делче
од моево срце, душо.
(Скрши...)
Скрши уште еден дел
од моево срце, ајде сега драги, да!
(Земи си...)
Еј! Земи си уште едно делче
од моево срце сега, душо, да!
Знаеш дека го имаш
ако те прави да се чувствуваш убаво
 
Postato da ivank23 Mer, 08/08/2012 - 17:49
ringraziato 1 volta
UtenteTempo fa
san793 anni 50 settimane
Inglese

Piece Of My Heart

(Come on…)
Didn't I make you feel
like you were the only man, well yeah,
An' didn't I give you nearly everything
 

Altro

Commenti