Што направи? (Que Hiciste)

Што направи?

Вчера обајцата сонувавме за совршен свет
Вчера на нашите усни им недостигаа зборови
Бидејќи со очите си читавме во душите
И само искреност имаше во твојот поглед

Вчера се заколнавме дека ќе го освоиме светот
Вчера се заколна дека нашата љубов ќе биде вечна
Еднаш е доволно да се згреши
За да знаеш што значи да сакаш искрено

Што направи? Со својата гордост ја уништи надежта
Поради твојот бес моите очи гледаат на темната страна
Ја избриша целата наша приказна со својата лутина
Ја збуни сета моја љубов која ти ја давав
Со дозвола така да ми ја скршиш душата

Што направи? Не натера да ги уништиме нашите утра
Твоите зборови ги избришаа нашите ноќи
Твојата фарса ги уништи моите илузии
Заборави дека љубовта е таа што е најважна
И со своите раце ја сруши нашата куќа

Утре кога ќе изгрее нов ден за мене
Утре твоето име нема да го има во моите стихови
Нема да ги слушам твоите покајнички зборови
Ќе го игнорирам твоето каење без болка

Утре ќе заборавам дека ти бев верна љубовница
Утре нема да имам ни причина да те мразам
Ќе ги избришам нашите сништа
Нека ветрот засекогаш ги оттргне спомените од тебе

Што направи? Со својата гордост ја уништи надежта
Поради твојот бес моите очи гледаат на темната страна
Ја избриша целата наша приказна со својата лутина
Ја збуни сета моја љубов која ти ја давав
Со дозвола така да ми ја скршиш душата

Што направи? Не натера да ги уништиме нашите утра
Твоите зборови ги избришаа нашите ноќи
Твојата фарса ги уништи моите илузии
Заборави дека љубовта е таа што е најважна
И со своите раце ја сруши нашата куќа

Ја збуни сета моја љубов која ти ја давав
Со дозвола така да ми ја скршиш душата

Што направи? Не натера да ги уништиме нашите утра
Твоите зборови ги избришаа нашите ноќи
Твојата фарса ги уништи моите илузии
Заборави дека љубовта е таа што е најважна
И со своите раце ја сруши нашата куќа

Postato da KaterinaMKD Dom, 18/03/2012 - 19:31
Originale:
ringraziato 1 volta
Utente Tempo fa
becca2redhot3 anni 46 settimane
Spagnolo

Que Hiciste

Video Lyrics
Vedi il video
Commenti