Russia is waging a disgraceful war on Ukraine.     Stai con l'Ucraina!
Condividere
Dimensione del font
Traduzione
Swap languages

Висококатница

Нашата висококатница* е супер,
брат е на глава на братот,
но да почнеме по ред.
Значи, на првиот кат живеат добри јужњаци,
ги знам само по изглед и по песните.
 
А над нив се вијат птици со јуначка крв,
да, на вториот кат се,
но инаку се први.
Велат, верувај во себе,
во себе и во своите Руси,
па да свириме гусли.
 
Рефрен:
Нашата висококатница е весело здание,
бранот од луѓе постојано ја лула,
сега е доведена до приземна состојба,
но замислена е монументално.
 
Нема таква во целиот бел свет,
фасадата држи, а темелите се лизгаат,
нашата висококатница е под извесен агол
како славната кула во Пиза.
 
На третиот кат е општонародна страота,
оние двајца подстанари бараат станарски права,
засега судскиот процес е фер, додека не полета перје
низ нашата висококатница.
 
А на четвртиот љубов
народот пука од здравје,
едни го гледаат својот Бог,
на другите им се јавува Богородица,
а голорак пролетер подига вила набрзина,
ера на мермерот.
 
Рефрен
 
Соседот од петиот кат
има преглед од горе,
еден прозорец на запад,
еден прозорец на море,
за да не се опече
ништо не би рекол,
така е најдобро.
 
А на шестото поткровје
некои тажни собири,
не се дружат со нас,
ние сме им премногу јужни
и кога малку ќе размислам
нив не им многу важно
за нашата висококатница.
 
Рефрен
 
Testi originali

Soliter

Clicca per vedere il testo originale (Serbo)

Đorđe Balašević: 3 più popolari
Commenti