Toše Proeski - Igri bez granici (Игри без граници)

Macedônio

Igri bez granici (Игри без граници)

Да можам бар да се разбудам
Во свет на љубовта без стари долгови
И тие сеништа
Во чекор што ме демнеат
 
Да можам бар да те прегрнам
Да не се сеќавам на студој есенски
Оние патила
Што токму нас нѐ следеа
 
А мојот живот – игри без граници
Уморна приказна, скинати страници
Празни неиспишани
 
А мојот живот е вечно паѓање
Сѐ да се собере - пораз ќе остане
Навики стари во мене
 
Да можам бар да те разбудам
Со кафе утринско во кревет заедно
Па да те бакнувам
Тоа го нема одамна
 
Да можам бар да се заљубам
Во мала селанка на росна ледина
Небесно висока
Надолу да не догледувам
 
А мојот живот – игри без граници
Уморна приказна скинати страници
Празни неиспишани
 
А мојот живот е вечно паѓање
Сѐ да се собере - пораз ќе остане
Навики стари во мене
Тоа и ќе остане
 
Adicionado por Convidado em Segunda-feira, 01/12/2008 - 16:08
Última edição feita por Fary em Terça-feira, 06/09/2016 - 20:16
Comentários do remetente:
Obrigado!

 

Comentários