За тебе (A te)

traducere în Macedoneană

За тебе

За тебе, која што си единствена на светов,
единствената причина за да се оди до крај
и со секој мој здив,
кога те гледам,
после ден поминат со зборови,
без да кажеш збор
се е јасно.
За тебе, која што ме пронајде
на аголот со стиснати тупаници
потпрен на ѕид
подготвен за одбрана
со срушен поглед
стоејќи во ред
со разочараните
Ме подигна како мачка
и ме зеде со себе
За тебе пејам песна
За се што имам
Земи ми го времето
и магијата
и само со еден скок
летаме во воздух
како меурчиња
За тебе, бидејќи ти си
едноставно
суштината на моите денови
суштината на моите денови
За тебе, моја најголема љубов
и моја љубов најголема
За тебе која што го зеде мојот живот
и со него направи многу повеќе
За тебе, која што му даде смисла на времето
не мерејќи го
За тебе, моја најголема љубов
и моја љубов најголема
За тебе, која што
ја видов како плаче во моите раце
толку кршлива, што може да те убијам ако посилно стиснам
и тогаш видов
дека имаш сила на авион
земајќи си го животот во сопствени раце
и повлекуваќи го на безбедно
За тебе која што ме научи да сонувам
и уметноста на авантурата
За тебе, која што веруваш во храброст
но и во страв исто така
За тебе, која што си најдоброто нешто
што ми се случило
За тебе, која што ги смени сите дни
и остана иста
За тебе, бидејќи ти си
едноставно
суштината на моите денови
суштината на моите сништа
За тебе, бидејќи ти си
навистина
суштината на моите сништа
суштината на моите денови
За тебе, која што не си се допаѓаш некогаш
а прекрасна си
силите на природата се концентрирани во тебе
ти си карпа, билка, ураган
ти си хоризотнт кој ме поздравува кога патувам
За тебе, единствена пријателке
едиствената љубов што би ја сакал
доколку ти не беше со мене
За тебе, бидејќи ми го направи животот
прекрасен до смрт
и го претвараш уморот во најголемо задоволство
За тебе, моја најголема љубов
и моја љубов најголема
За тебе која што го зеде мојот живот
и со него направи многу повеќе
За тебе, која што му даде смисла на времето
не мерејќи го
За тебе, моја најголема љубов
и моја љубов најголема
За тебе, бидејќи ти си
суштината на моите денови
суштината на моите сништа
И за тебе бидејќи ти си
ти едноставно си
придружник во моите денови и
суштината на моите соништа
 
Postat de kmantevska la Joi, 18/08/2011 - 13:21
2 (de) mulțumiri
Guests thanked 2 times
Italiană

A te

A te che sei l’unica al mondo, l’unica ragione
per arrivare fino in fondo ad ogni mio respiro
quando ti guardo dopo un giorno pieno di parole
senza che tu mi dica niente, tutto si fa chiaro
 

Mai multe

Comentarii