Россия ведет позорную войну с Украиной.     Поддержи Украину!
Делиться
Размер шрифта
Перевод
Поменять языки местами

Заслепена во ноќта

Заслепена од смртоносните светла во ноќта
Возилата ме одминуваат, а зениците ми се како игли
Те чекав 100 години по црно-беливе улици
И ти пристигна, свиркајќи си
 
Заслепена од смртоносните светла во ноќта
Шуткајќи ги конзервите по улицата, загубена како брод
Ја изгубив главата сакајќи те, и уште полошо
Ти пристигна, свиркајќи си
 
Заслепена од смртоносните светла во ноќта
Ќе го засакаш ли животот, или само ќе гледаш како одминува?
Од нашите зачадени ноќи не остана ништо,
Освен твојата пепел во мугрите
 
Во метрово, преполно со животните вртоглавици
На следната станица, мала европска
Стави ја раката на моето срце
 
Заслепена од смртоносните светла во ноќта
Во последните круг ти ја пружам раката
Те чекав 100 години по црно-беливе улици
И ти пристигна, свиркајќи си
 
Оригинальный текст

Éblouie par la nuit

Нажмите, чтобы увидеть оригинальный текст (Французский)

Комментарии