Текст песни Morska dzvezdo (Морска ѕвездо) (singl 1999)

Македонский

Morska dzvezdo (Морска ѕвездо) (singl 1999)

Одам по патот што го сонив
лево љубов, а десно музика
Нема да кажам колку добив
и чија во џебот, чувам слика
 
Сакам да знаеш дека лажат дека веќе сум станал горделив
Спомен ме носи покрај плажа и лежам на твоите гради бели
Се колнам во песните мои
Те сакам, ко првиот ден, а лето ко лето се брои
Штом есента расипе сѐ
 
Морска ѕвездо каде си сега
дури ветрот игра со лисја, зошто писма ти не ми пишуваш?
Морска ѕвездо дали ме памтиш
дали солза образ ти краси, кога име ќе ми споменат?
 
Сакам да знаеш дека лажат дека веќе сум станал горделив
Спомен ме носи покрај плажа и лежам на твоите гради бели
Се колнам во песните мои
Те сакам, ко првиот ден, а лето ко лето се брои
Штом есента расипе сѐ
 
Добавлено Tucumana88 в пн, 01/12/2008 - 16:10
В последний раз исправлено Natoska в вс, 15/09/2013 - 16:10

 

Помогите перевести "Morska dzvezdo (Морска ѕвездо) (singl 1999)"
Комментарии