Please translate Bel den (Бел ден)

Makedonca

Bel den (Бел ден)

Бел ден е секој среќен ден
па и да е последен
само среќен нека е.
Бел ден е секој еден ден
што доцни навреме
за да стигне до тебе

Ако си голем, знај, биди и мал
Ако си слаб, биди јак
Ако е невреме, разведри се
растерај облаци, насмеј ми се

(припев)
Еј, да ми е еднаш да можам
да постелам постела во бел ден
таму срце и душа ќе стоплам
за милион срца во еден ден.
Еј, да ми е еднаш да можам
да постелам постела во бел ден
таму срце и душа ќе стоплам
за милион срца во еден бел ден

Бел ден ќе имаш за себе
штом на друг ти помислиш
и ангел бел му подариш.
Бел ден и не е важно не,
дал' ништо или сѐ,
само бело нека е

Ако е темнина, расветли се
од едно ти направи две
ако си сиромав, не жали не
твојто богáтство во душа ти е

(припев)

"Bel den (Бел ден)" şarkısına ait daha çok çeviri
Yorumlar