Please translate Kompas (Компас)

Makedonca

Kompas (Компас)

Штом ќе зажари неба источни
сонце образ ми позлатува
Ко да праќаш ти тајни бакнежи
место писма од далечина

А кога од збудалени ветрој западни
брезите ќе се расчешлаат
Мислам дали пак негде, некогаш, 
твоите коси ќе ме покријат?

Кај е север... Кај е југ ...
- ништо не го занима
Ова срце како компас расипан
тебе само  те покажува

Зад Радишани штрчат планини
ноќе над нив звезда најсилна
Ѕвездо северна, дал‘  е неверна
ил‘ си само солза нејзина?

Пролет секоја птица некоја
в грло носи песни љубовни
И со твојот глас тагува за нас
заедно што не сме јас и ти

Кај е север... Кај е југ...
- ништо не го занима
Ова срце како компас расипан
 тебе само те покажува

"Kompas (Компас)" şarkısına ait daha çok çeviri
Yorumlar