Please translate Lyubov ili omraza (Љубов или омраза)

Makedonca

Lyubov ili omraza (Љубов или омраза)

Долго, долго
гледам во тоа лице
се трудам да не мислам
колку е убава,
колку е прекрасна
морам да го скротам стравот
знам
колку тоа може
да ме промени

Долго, долго
зборувам
сакам да те трогнам
да видам бар
една солза
залудно
ти се смееш
и ти си радосна
и воопшто не ги следиш моите зборови
ти си толку далеку
од мене

Треперам од возбуда
сиот треперам од страст
дал си моја љубов
или сум полн со омраза
омраза

Ако останам
зар ќе можам да те задржам
ако одам
зар ќе можам да те преболам
да те заборавам
ќе се вратиш како спомен
ќе се вратиш како нож

Треперам од возбуда
сиот треперам од страст
дал си моја љубов
или сум полн со омраза
омраза

Yorumlar