All I Want for Christmas Is You (إلى المقدونية ترجم)

Advertisements
إلى المقدونية ترجم

Сè што сакам за Божиќ си ти

Не посакувам многу работи за Божиќ
Ми треба само едно нешто
Не ми е гајле за подароците
Под божиќната елка
Сакам да си само мој
Повеќе од колку што знаеш
Исполни ми ја желбата
Сè што сакам за Божиќ си...
Ти
 
Не посакувам многу работи за Божиќ
Ми треба само едно нешто
Не ми е гајле за подароците
Под божиќната елка
Нема потреба да ги наредам украсите1
Таму над каминот
Дедо Мраз нема да ме направи среќна
Со играчка за Божиќ
Сакам да си само мој
Повеќе од колку што знаеш
Исполни ми ја желбата
Сè што сакам за Божиќ си...
Ти
 
Овој Божиќ нема да барам многу
Нема да посакам ни снег
Само уште ќе си чекам
Под имелата
Нема да направам список и нема да го пратам
До Северниот Пол за св. Никола2
Нема ни да останам будна
За да ги слушам магичните ирваси
Зашто сакам да си тука вечерва
И да ме прегрнеш силно
Што можам повеќе да сторам?
Душо, сè што сакам за Божиќ си ти
О, душо...
Сите светилки светат
Толку силно насекаде
И звукот од смеата детска
Го исполнува воздухот
И сите пеат
Слушам како ѕвончињата од санките ѕвонат
Дедо Мраз, донеси ми го оној што навистина ми треба
Те молам, донеси ми го саканиот...
 
Не посакувам многу работи за Божиќ
Само едно нешто барам
Само сакам да го видам саканиот
Како стои пред портата
Сакам да си само мој
Повеќе од колку што знаеш
Исполни ми ја желбата
Сè што сакам за Божиќ си...
Ти
 
Сè што сакам за Божиќ си... ти
 
  • 1. се мисли на украсните божиќни чорапи
  • 2. друго име за Дедо Мраз
تم نشره بواسطة ivank23ivank23 في الجمعة, 07/12/2012 - 12:51
5
تصنيفك: None Average: 5 (1 vote)
الإنكليزية

All I Want for Christmas Is You

التعليقات
kdraviakdravia    السبت, 08/12/2012 - 21:00

This comment has been deleted.

ivank23ivank23    السبت, 08/12/2012 - 21:05

Поправив и благодарам. Teeth smile