The Sound of Silence (إلى المقدونية ترجم)

Advertisements
إلى المقدونية ترجم

Звукот на тишината

Поздрав, мраку, стар пријателе
Дојдов пак со тебе да зборувам
Бидејќи една визија полека ми се вовлекува
Ја оставила својата семка додека сум спиел јас
И таа визија што била вметната во мојот ум
Сеуште останува
Помеѓу звукот на тишината
 
Во немирен сон, чекорев сам
Низ тесни улици од порфиден камен
Под ореолот на една улична ламба
Ја свртев јаката наспроти студот и влагата
Кога очиве ги прободе блесок неонска светлина
Која ја распоруваше ноќта
И го допираше звукот на тишината
 
И во голата светлина јас видов
Десет илјади луѓе, можеби повеќе
Луѓе кои зборуваа без да кажат
Луѓе кои слушаа без да чујат
Луѓе кои пишуваа песни што глас не ќе ги отпее
И никој не се осудуваше
Да го наруши звукот на тишината
 
„Будали едни,“ реков јас, „па вие и не знаете дека
Тишината е како рак рана која расте
Чујте ги моите зборови, како би можел да ве научам
Фатете ме за раце, како би можел да ве дофатам“
Но моите зборови, како тивки капки дождовни паѓаа
И одекнуваа во бунарите на тишината
 
И луѓето се поклонуваа и се молеа
Пред неонскиот Бог кој што го создале
И неонскиот знак го оттрепери своето предупредување
И зборовите што ги формираше
 
Па знакот кажа
„Зборовите на пророците
Се испишани по тунелите на подземните железници
И влезови на згради
И се шепотат во звукот на тишината“
 
تم نشره بواسطة Alek SandarAlek Sandar في الأحد, 06/11/2016 - 02:08
تعليقات الكاتب:

Ако некогаш сто се прашувале што значат зборовите на оваа песнаа, ова е значењето.

الإنكليزية

The Sound of Silence

التعليقات