I'm Not In Love (превод на Македонски)

превод на Македонски

Не сум заљубен

Не сум заљубен, не го заборавај тоа
Ова е само глупава фаза низ која поминувам
И само затоа што ти се јавив
Немој да ме сфатиш погрешно
Немој да мислиш дека си успеала
Не сум заљубен, не-не
(тоа е затоа што...)
 
Би сакал да те видам, но тогаш повторно
Тоа не значи дека ми значиш премногу
Затоа ако ти се јавам, не прави галама
Не им кажувај на твоите пријатели за нас двајцата
Не сум заљубен, не-не
(тоа е затоа што...)
 
(Тивко)
(Големите момчиња не плачат) (6х)
 
Ја чувам твојата слика за ѕидот
Таа крие гадна дамка која се наоѓа таму
Затоа не барај да ти ја вратам
Јас знам ти знаеш
Не ми значи толку многу
Не сум заљубен, не-не
(тоа е затоа што...)
 
оох, ти долго ќе ме чекаш
оох, ти долго ќе чекаш
оох, ти долго ќе ме чекаш
оох, ти долго ќе чекаш
 
Не сум заљубен, не го заборавај тоа
Ова е само глупава фаза низ која поминувам
И само затоа што ти се јавив
Немој да ме сфатиш погрешно
Немој да мислиш дека си успеала, оох
 
Не сум заљубен, не сум заљубен...
(тоа е затоа што...)
 
Пуснато от edna_ellenaedna_ellena в Пон, 20/08/2018 - 10:10
Добавен превод, изпълнявайки заявка, направена от tamdam makedonectamdam makedonec
Английски

I'm Not In Love

Коментари