• Joost

    Europapa

    Übersetzung auf Mazedonisch

Teilen
Font Size
Mazedonisch
Übersetzung

Европапа

Европа ајде да се обединиме!
(Евро-па-па, Евро-па-па)1
Сега или никогаш!
Ве сакам сите!
(Евро-па-па, Евро-па-па)1
 
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па1
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па1
 
Да ги посетам моите пријатели во Франција
Или отидам до Виена
Сакам да се иселам од Холандија, но ми го снема пасошот
За среќа не ми треба виза, за да бидам со тебе
Па да отидеме до Полска со автобус или до Берлин со воз
 
Немам пари за Париз, па ја користам мојата фантазија
Имаш ли едно евро, те молам?
Речи „merci“ и „alsjeblieft“2
На вистина изгубив се освен времето
Па патувам секој ден, бидејќи светот е мој
 
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па
 
Евро-па-па-па-па-па-па-па
Евро-па-па-па (Хеј!)
Евро-па-па-па-па-па-па-па
Ев-ро-па (Хеј!)
 
Во Германија сум
Ама многу сум осамен
Во Италија сум ама се уште боли
Бегам од себе си
Цел ден плачам за „help“3
Да дури и пари им давам на луѓето
Ама никој не ми помага
 
Не ми требаат escargots (полжави)4
Не ми треба fish 'n chips (риба со помфрит)5
Не ми треба paella (паења), не6
Не ни знам што е тоа
Пушти го радиото
Го слушам Stromae со „Papaoutai“7
Нема да престанам додека не речат: „Да, да, многу го бива, еј!“
 
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па
Добредојдовте во Европа, ќе останам тука додека не умрам
Евро-па-па, Евро-па-па
 
Евро-па-па-па-па-па-па-па
Евро-па-па-па (Хеј!)
Евро-па-па-па-па-па-па-па
Ев-ро-па (Хеј!)
 
Евро-па-па-па-па-па-па-па-па-па-па-па-па...
 
Добредојде во Европа, брат!
 
Ев-ро-па
 
На крајот од денот, ние сите сме луѓе
Татко ми еднаш ми рече- светот е без граници
Ми недостигаш секој ден- скришно го шепотам
Гледаш, тато
Те послушав
 
  • 1. a. b. c. d. Папа во превод е тато- значи евротато. Игрна на зборови. Песната е посветена на татко му кој е починат.
  • 2. merci и alsjeblieft значи фала на француски и холандски
  • 3. help- помош на англиски
  • 4. Храна популарна во Франција.
  • 5. Британска храна.
  • 6. Шпанска храна.
  • 7. Stromae е белгиски пејач, и Papaoutai е негова песна
Deutsch, Englisch, Niederländisch
Originaltext

Europapa

Klicken, um den Originaltext zu sehen (Deutsch, Englisch, Niederländisch)

Kommentare