Advertisement

Moscas en la casa (Mazedonisch Übersetzung)

Advertisement
Mazedonisch Übersetzung

Муви во куќата

Моите денови без тебе се толку темни
Толку долги Толку сиви
Моите денови без тебе
Моите денови без тебе се толку абсурдни
Толку кисели толку тешки
Моите денови без тебе
Моите денови без тебе немаат ноќи
А ако се појави некоја бескорисно е да се спие
Моите денови без тебе се отпад
Саатите немаат почеток ни крај
 
Со малку воздух
Толку полни со ништо
Бескорисно ѓубре
Ѓубре по подот
Муви во куќата
 
Моите денови без тебе се како небо
Без сребрената месечина
Ни траг од сонцето
Моите денови без тебе се само ехо
Кое само ја повторува истата песна
 
Со малку воздух
Толку полни со ништо
Бескорисно ѓубре
Ѓубре по подот
Муви во куќата
 
Шутирајќи камења
Сеуште чекам да се вратиш
Сеуште барам трагови од деца на лицата на старите
Ловејќи причини за да имам верба
Гризајќи нокти
Гушејќи се во солзи
Желна по тебе
 
Моите денови без тебе
О како болат моите денови без тебе
 
Von Shakira Macedonia am Mo, 14/03/2016 - 20:27 eingetragen
Spanisch

Moscas en la casa

Kommentare