• Macedonian Folk

    Прости ми душо моја

Μερίδιο
Font Size
Прости ми душо моја,
за ноќите неспани.
Твојата врела солза
нек ме изгори...
Секогаш беше добра
таква и остани...
 
Припев:
Некогаш штом ја чуеш
онаа нашата,
заиграј, пушти срце,
кренија чашата..
Јас морам сам да одам,
со својте немири.
Ми беше добра вила,
таква и остани...
 
Прашина сива падна
по нашите патеки,
и нема веќе стапки
познати чекори,
нема ни нежни зборој
врели спомени.
 
Припев:
 
Понеси мали тајни
во своите пазуви.
Горчина болка радост
и добри спомени.
Секогаш така било
така ќе остане.
 
Припев:
 
Прости ми душо моја...
 

 

Σχόλια