Russia is waging a disgraceful war on Ukraine.     Σταθείτε με την Ουκρανία!
Μερίδιο
Μέγεθος γραμματοσειράς
Πρωτότυποι στίχοι

στίχοι Учи ме мајко, карај ме

Еееј, учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана.
Лилјана, мома убава,
Лилјана, тенка висока,
Лилјана, бела црвена,
Лилјана, ситен босилок,
Лилјана, една на мајка.
 
Учам те синко карам те,
како да ја земиш Лилјана.
Повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена.
Сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.
 
Послуша Стојан мајка си,
повика триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена.
Сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.
 

 

Σχόλια