Vrčak - Pred da zaspijam (Пред да заспијам)

  • Artist: Vrčak ( Раде Врчаковски)
  • Featuring artist: Р.Ѕ.
  • Album: Kako da pobegnam od sè (1999)
  • Translations: English
Advertisements
Macedonian/Romanization/Transliteration
A A

Pred da zaspijam (Пред да заспијам)

Пред да заспијам
Се сеќавам на ноќта
Во која после толку време
Те сретнав тебе
 
Многу чад, многу гужва
Многу цигари, гласна музика
Луѓе седат пијани
Слабо светло свети
Ништо пред себе не гледаш
А ти од далеку ко' божица се познаваш
И стално една те иста приказна
Ти седиш сама, а до тебе пет-шест фраера
Невина фаца си направила
Се правиш наивна и велиш:
Не знам што се случува
Па вртиш глава наоколу да погледаш
Здогледаш, со твојот поглед негде заоѓаш
Кај се наоѓаш? Заспиваш или во некој свој свет
Самата се затвараш
 
Дали има некој збор
Што ќе го маѓепса тоа твое срце
Секому што верува
И дали тоа жарче што во тебе
Тлее згаснува или повторно
За мене се разгорува
Јас барам дали има некој збор што ќе го маѓепса
Тоа твое срце секому што верува
Да знам дали тоа што во тебе тлее згаснува
Или повторно за мене се разгорува
 
Заспивам мојот сон кон тебе патува
Како светулка што душа ми позлатува
И сега сонувам дожд од сини цветови
Тонам во времето на твоите рајски светови
 
Да е вљубен човек во тебе е руски рулет
Зoшто никогаш не ќе знае што следи на ред
Јас отсекогаш сум велел ти си најубав цвет
По кој секогаш сум чувствувал нескротлива жед
И не ми беше важно дал' сум прв, втор или трет
Ги сакав само тие усни послатки од мед
И сонував пак некој волшебен свет
Во кој ти лежиш пак до мене
Во твојот црн, чипкан корсет
Правев се по бон тон
Да стигнам јас до мојот сон
Мојот сон за кој немаше ноќ
Ја да не бев ѓон
На крај те добив но никогаш не бев твој
Можеби не те допрев така како што те допре тој
 
И има некој збор
Што ќе го маѓепса тоа твое срце
Секому што верува
И дали тоа жарче што во тебе
Тлее згаснува или повторно
За мене се разгорува
Јас барам дали има некој збор што ќе го маѓепса
Тоа твое срце секому што верува
Да знам дали тоа што во тебе тлее згаснува
Или повторно за мене се разгорува
 
Заспивам мојот сон кон тебе патува
Како светулка што душа ми позлатува
И сега сонувам дожд од сини цветови
Тонам во времето на твоите рајски светови
 
Пред да заспијам повторно на тебе мислам
А знам и ти мислиш на мене, но што да речам
Ми останува само нешто да ти ветам
Ќе најдам збор што ќе те маѓепса и ќе те имам
 
Да, јас барам некој некој збор
Што може да го маѓепса тоа твое срце
Секому што верува
Да знам дали тоа што во тебе
Тлее згаснува или повторно
За мене се разгорува
 
Заспивам мојот сон кон тебе патува
Како светулка што душа ми позлатува
И сега сонувам дожд од сини цветови
Тонам во времето на твоите рајски светови
 
Submitted by KaterinaMKDKaterinaMKD on Tue, 13/03/2012 - 00:51
Thanks!

 

Advertisements
Video
Translations of "Pred da zaspijam ..."
Vrčak: Top 3
Comments