Ibuš Ibraimovski - Rozo moja (Розо моја)

Advertisements
Macedonian/Romanization/Transliteration
A A

Rozo moja (Розо моја)

Овој град, во ноќите, плаче по мене
Каде ли си ти? Со кого си?
О, дали знаеш, колку љубов носам јас
Во ова срце како сонце
 
Ние двајца многу можевме
А среќа немавме да се земеме
Сега е друго време, тажно е сѐ без тебе
Што ти згрешив животе?
Дојди барем да се видиме
А болат песните што ги пеевме
За мене ти си цвеќе, не можам душо веќе сам
 
Розо моја, црвена, ти во која градина расцутуваш?
Песно моја, искрена, без љубовта не живеам
Немам кому да те испеам
 
Туѓа си, а проклет јас, уште те сакам
Само спомени во мојте сни
О, црно вино, пушти ме да заспијам
За тие очи доста пијам
 
Ние двајца многу можевме
А среќа немавме да се земеме
Сега е друго време, тажно е сѐ без тебе
Што ти згрешив животе?
Дојди барем да се видиме
А болат песните што ги пеевме
За мене ти си цвеќе, не можам душо веќе сам
 
Розо моја, црвена, ти во која градина расцутуваш?
Песно моја, искрена, без љубовта не живеам
Немам кому да те испеам
 
Розо моја...
 
Submitted by ivank23ivank23 on Fri, 02/11/2012 - 18:37
Thanks!thanked 1 time

 

Advertisements
Video
Translations of "Rozo moja (Розо ..."
Comments