Advertisements

Keine Lust (Macedonian translation)

Macedonian translationMacedonian
A A

Никаква желба

Немам желба!
Немам желба!
Немам желба!
Немам желба!
 
Немам желба да не се мразам,
немам желба да се допрам,
би сакал да мастурбирам,
немам желба да вложам напор*,
би сакал да се облечам,
немам желба гол да се гледам.
 
Би сакал да бидам со големи ѕверки**,
немам желба да ризикувам,
немам желба од снегот да излезам
немам желба да смрзнам.
 
Немам желба!
Немам желба!
Немам желба!
Не, немам желба!
 
Немам желба нешто да џвакам
оти немам желба потоа да го сварам (во желудникот)
немам желба да се мерам,
немам желба да бидам дебел.
 
Би сакал да бидам со големи ѕверки,
немам желба да ризикувам,
немам желба од снегот да излезам
немам желба да смрзнам,
јас, едноставно, продолжувам да лежам
и повторно мувите ги бројам,
без воља се допирам
и веднаш забележувам, веќе долго време сум неосетлив (фригиден)***
толку ладно, ми студи****,
толку ладно,
ми студи...
 
Немам никаква желба!
 
Thanks!
Submitted by velesliepajavelesliepaja on Wed, 03/03/2021 - 11:59
Author's comments:

*Habe keine lust zu probieren - буквално значи “немам желба тоа да го пробам“, но тогаш нема логика претходната реченица “сакам да мастурбирам“. Значењето може да бите и такво за кое се одлучив “немам желба да вложам напор“ и тогаш двете реченици заедно имаат логика.
** Mit großen Tieren - буквално со големи животни. Но, großes Tier е и синоним за hohes Tier, со која фраза се означуваат луѓе кои имаат една висока позиција во општеството, значи на македонски 'големи ѕверки'.
*** Ich bin kalt - може да значи некој без чувства, неостелив, но, може да значи и фригиден. Во втората строфа веќе спомнува мастурбирање, и можеби фригиден е подобра варијанта, оти вели дека се допира Regular smile
**** Mir ist kalt не е исто со Ich bin kalt - значи мене ми е ладно, ми студи.

GermanGerman

Keine Lust

Comments
Read about music throughout history