Не остави ни минута
не остави ниту време
да размислам дал да заминам.
Кажи колку чини надежта
да ја платам сега и да чекам
по возови и станици без навики.
Не нема да зборам што ми беше ти
лажам дека пак повторно можам да преболам.
А знам, јас знам ако останам
ќе ми влезеш пак под кожа и пак ќе полудам.
Ни градови ни улици
ни возови ниту време
ми донесе сон бар да заспијам.
Барем на сон да те прегрнам
да се смирам, само да те гледам
дозволи ми и остани не оди си!
Не нема да зборам што ми беше ти
лажам дека пак повторно можам да преболам.
А знам, јас знам ако останам
ќе ми влезеш пак под кожа и пак ќе полудам.
А знам, јас знам и кај да заминаам
ќе ми бидеш болна лузна и не ќе оздравам!