Miki Jovanovski-Džafer - Sonce za tri svetovi (Сонце за три светови)

Advertisements
Macedonian/Romanization/Transliteration

Sonce za tri svetovi (Сонце за три светови)

Една ѕвезда ми шепоти,
дали си блесок што постои.
Трепет од крилја на гулаби
в срце ми создава бол.
 
Дали може љубовта
ноќва да ја продолжи?
Дали може да ја
задржи?
 
Ја имам само ноќва
да бидам ја со неа.
И не знам дали можам
да заборавам.
Во гради имам сонце
за уште три светови,
ако замине ќе изгасне.
 
Илјада слики, сеќавања
и мечти недомечтаени.
Ќе носам трагови нејзини
во себе цел еден век.
 
Знам дека ќе замине
денот штом ќе надојде.
Ќе ми рече:
- Не барај ме!
 
Ја имам само ноќва
да бидам ја со неа.
И не знам дали можам
да заборавам.
Во гради имам сонце
за уште три светови,
ако замине ќе изгасне.
 
Знам дека ќе замине
денот штом ќе надојде.
Ќе ми рече:
-- Не барај ме!
 
Ја имам само ноќва
да бидам ја со неа.
И не знам дали можам
да заборавам.
Во гради имам сонце
за уште три светови,
ако замине ќе изгасне.
 
Submitted by ivank23ivank23 on Fri, 02/11/2012 - 19:01
Thanks!thanked 3 times

 

Advertisements
Video
Comments