Slave Dimitrov - Чија си (Čija si)

Macedonian/Romanization/Transliteration
A A

Чија си (Čija si)

Има еден дом сред жолто лисје
стаен е тој во сите мисли
покрив тој е твој и кошмар тој е мој
редок миг пред куќен праг
скриен поглед толку драг, ко бој
 
Секој ден си ти под иста стреа
гулабец во лет во воздух смеа
Ладна како лед па бујна како цвет
стојам долго долго јас
гледам чудно и без глас ко нем
 
реф:
Чија си, на кого радост ти му носиш
ѕвезда си, во некој облак како плам
чија си, и кој ти гали долги коси
свет си мој, а ниту име не ти знам
 
Има еден ден што не се зори
скриен е тој во сказни гори
мора да си ти од небо еден дел
еден допир толку мал
еден бакнеж сосем мал, а врел
 
реф:
Чија си, на кого радост ти му носиш
ѕвезда си, во некој облак како плам
чија си, и кој ти гали долги коси
свет си мој, а ниту име не ти знам
 
Submitted by san79san79 on Sat, 04/01/2014 - 07:32
Last edited by ImvisibleImvisible on Fri, 22/02/2019 - 21:33
Thanks!

 

Advertisements
Video
Slave Dimitrov: Top 3
Comments