Studeni Noze - 50 marki (50 марки)

Macedonian/Romanization/Transliteration
A A

50 marki (50 марки)

Седеше на шанкот сама негде после два
Интелектуална, згодна, и замислена.
Ја прашав јас од кое небо овде паднала
Рече дека е на распуст, не е од тука
 
Пред да успеам да кажам друго било што
Рече: „Ајде до кај тебе на по еден шток“
И бевме до кај мене, и бидна сè што бидна
Ми побара 50 марки, зема и си кидна
 
Реф.:
Беше мрак, а таа беше гола
Ама ладна како кокакола
Каучот се расцвета на пола
А таа беше ладна како кокакола
 
Дојде лето, душа сака: сонце, вода, плажа
Лежев гол, а нежен глас на увце ми кажа:
„Абе, Џони, зарем цел ден тука ќе се чвариш?
Ајде, до кај тебе дома кафе да ми свариш!“
 
Фрлив окце да ја видам, зинав како пијан
Знам за јадец, опа - иха и 50 марки зијан
„Ај од тука, сестро слатка, џабе кафе нема!
Ако сакаш опа - иха, 50 марки спремај!“
 
Реф.:
Беше мрак, а таа беше гола
Ама ладна како кокакола
Каучот се расцвета на пола
А таа беше ладна како кокакола
 
Submitted by AleksandarSRBAleksandarSRB on Wed, 20/06/2012 - 16:09
Thanks!thanked 1 time

 

Advertisements
Video
Translations of "50 marki (50 марки)"
Studeni Noze: Top 3
Comments