Laura non c'è (मेसीडोनियाई में अनुवाद)

Advertisements
मेसीडोनियाई में अनुवाद

Лаура не е тука

Лаура не е тука, таа си замина
Лаура повеќе не е моја работа
а ти која си и ме прашуваш зошто
ја сакам иако таа повеќе ништо не ми дава
ми недостасува толку што губам здив
ме боли, а таа не знае
дека никогаш не закрепнав
 
Лаура не е тука, разбирам
дека е безнадежно да ја барам во тебе
Се чувствувам одвратно
Верувај ми, не сакам да бидам
со тебе и да мислам на неа
вечерва сакам да горам
ајде да одиме таму
со доволно сили за да можам да
почувствувам дека се топам
 
Ако сакаш можеме љубов да водиме сега, ако сакаш
но нема да е исто помеѓу нас
сам, јас сум ништо затоа остани со мене
но чудно е ти си на нејзино место, на нејзино место, ете си ти
 
Лаура, каде е таа?
ми недостасува, знаеш
можеби има друг до неа
Се колнам, никогаш не мислев
дека ова ќе ни се случи нам
таа е во туѓи прегратки
на тело кое не е мое
не можам да го поднесам ова
 
Ако сакаш можеме љубов да водиме сега, ако сакаш
но нема да е исто помеѓу нас
сам, јас сум ништо затоа остани со мене
но чудно е ти си на нејзино место, на нејзино место, ете си ти
 
Можеби е тешко
но не знам што друго да правам
Мислам дека е логично, колку и да се обидувам да побегнам, таа е тука
 
Не би сакал ти да бидеш итност
но помеѓу заљубеноста и љубовта постои
само Лаура и мојата потсвест.
 
Ако сакаш можеме љубов да водиме сега, ох не
но нема да е исто помеѓу нас, сега знам
сеуште постои нејзиниот одраз помеѓу мене и тебе
Жал ми е, но не можам, Лаура постои
Ако сакаш можеме љубов да водиме сега, ох не
но нема да е исто помеѓу нас, сега знам
сеуште постои нејзиниот одраз помеѓу мене и тебе
Жал ми е, но не можам, Лаура постои
Лаура постои
 
KaterinaMKD द्वारा बुध, 09/11/2011 - 01:40 को जमा किया गया
इतावली

Laura non c'è

कमेन्ट