Adele - Someone Like You (перевод на Македонский)

перевод на Македонский

Некој како тебе

Слушнав дека си се вдомил1
Дека си нашол девојка и сега си оженет
Слушнав дека соништата ти се оствариле
Изгледа ти ги дала работите кои јас не ти ги дадов
 
Стар пријателе, зошто толку се срамиш?
Не личи на тебе да се воздржуваш и криеш од светлината.2
 
Воопшто не сакам што се појавив вака одненадеж, непоканета
Но, не можев да се држам настрана, беше посилно од мене
Се надевав дека кога ќе ми го видиш лицето, ќе се сетиш
Дека за мене, сѐ уште не е готово.
 
Не е важно, ќе најдам некој како тебе
Вам двајца ви го посакувам само најдоброто
Не заборавај ме, те молам, се сеќавам дека рече:
„Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли“3
Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли
 
Ти знаеш како времето лета
Баш вчера беше најдоброто време од нашите животи
Ние сме родени и израснати во летната магла
Оковани од изненадувањето на нашите славни денови.
 
Воопшто не сакам што се појавив вака одненадеж, непоканета
Но, не можев да се држам настрана, беше посилно од мене
Се надевав дека кога ќе ми го видиш лицето, ќе се сетиш
Дека за мене, сѐ уште не е готово.
 
Не е важно, ќе најдам некој како тебе
Вам двајца ви го посакувам само најдоброто
Не заборавај ме, те молам, се сеќавам дека рече:
„Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли“, да.
 
Ништо не се споредува, ни грижите ни маките
Каењата и грешките, тоа се вредни спомени
Кој би знаел дека ова ќе e толку горчливо, а слатко?
 
Не е важно, ќе најдам некој како тебе
Вам двајца ви го посакувам само најдоброто
Не заборавај ме, те молам, се сеќавам дека рече:
„Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли“
 
Не е важно, ќе најдам некој како тебе
Вам двајца ви го посакувам само најдоброто
Не заборавај ме, те молам, се сеќавам дека рече:
„Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли“
Понекогаш останува со љубовта, а некогаш боли
 
  • 1. основал свое семејство
  • 2. се мисли на тоа дека не кажува што мисли и/или што чувствува
  • 3. она што останува е всушност сеќавањето
Добавлено ivank23 в пт, 31/08/2012 - 13:29
Английский

Someone Like You

Еще переводы "Someone Like You"
Македонскийivank23
Помогите перевести "Someone Like You"
Коллекции с "Someone Like You"
Adele: Топ 3
Смотрите также
Комментарии