Russia is waging a disgraceful war on Ukraine.     Станите уз Украјину!
Објави
Величина фонта
Оригинални текстови

Ајде Лено да ојме текст

Ајде Лено д' ојме
долу на сред село,
долу на сред село,
собор се собрало.
 
Таму се собрале
и стари и млади,
оро заиграле,
песни запеале.
 
Среде во орото,
нашето овчарче,
како е надувало,
таја пуста гајда.
 
Сите девојчиња
играат и пеат,
убавата Цена
ни игра, ни пее.
 

 

Коментари