• Macedonian Folk

    Судбо моја, судбино

Teilen
Font Size
Судбо моја, судбино
судбо моја, невернице,
што си, судбо, ме однела
в земја непозната
сама да живеам, судбо,
вечно да црнеам.
 
В земја непозната, судбо,
при луѓе -- нелуѓе,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати.
 
Земи, судбо, однеси ме
при мојата мајка,
да ја прашам, судбо клета,
што сум ѝ згрешила,
та што ме омажи, судбо,
толку надалеку.
 

 

Kommentare