• Macedonian Folk

    Лихнида кајче веслаше

Споделяне
Font Size
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
наспроти нејзе рибари, рибари,
рибари, стари другари.
 
- „Рибари, стари другари,
кротко веслајте кајчето!
Да не ми прајте бранови, бранови,
рацете да се одморам“.
 
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
тивко си песна пееше:
„Билјана платно белеше...“1
 
- „Лихнидо, моме Лихнидо,
ако ти прајме бранови
со весло ќе ги скротиме, скротиме,
со љубов ќе те гледаме“.
 
- „Не сакам да ги скротите,
не сакам да ме гледате,
јас сакам мирно езеро,
душата да си одморам“.
 
Лихнида кајче веслаше
по Охридското Езеро
тивко си песна пееше:
„Билјана платно белеше...“.
 
  • 1. првиот стих од познатата македонска народна песна „Билјана платно белеше“

 

Изказвания