Translation
Vo selo se momi sobiraat (Во село се моми собираат)
Во село се моми собираат,
Та на јагоди да идат,
Кој со брата, кој со братучеда,
Да со Калина нема никого.
Мајка Калина не пушта,
Седи, Калино, не оди.
Калина мајка не слуша,
Стана, Калина отиде.
До пладне јагоди береле,
След пладне оро играле.
Стојан со свирка свиреше,
Свирка му, свири, говори.
Из друм се нешто црни,
Татарски црни каравани.
Те сакале да фатиле,
Таа во домот завеле.
Дење ја печат на сонце,
Ноќе ја печат на вршник.
Калина бела, та бела,
И на бузите алена.